Друштвото за процена и консултантски услуги “Прима Тим ДОО Охрид” е формиранo во август 2014 година.
По само 6 месеци постоење, согласно позитивниот раст кое Друштвото го бележеше, Прима Тим ДОО отвори своја канцеларија во Охрид, на ул. Булевер Туристичка 50/4 локал 7 во деловната зграда.
Нашата цел е да се доближиме до луѓето што ги користат нашите услуги, пријателски расположени, но професионално подготвени секогаш нудејќи нешто повеќе од другите.
За таа цел, нашите услуги првично ги насочивме во регионот во кој сме основани (Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Ресен, Битола). Професионално и ефективно!
Уште во првата година од своето постоење, друштвото создаде портфолио од над 400 процени и клиенти пред се преку соработката со деловните банки. Во исто време, друштвото беше ангажирано од Основниот суд во Охрид за постапките на експропријација за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Поголемиот раст и професионален напредок беше остварен во 2016 година, кога друштвото беше ангажирано од АД ЕЛЕМ Скопје на проектот на надомест на штета за геолошки испитувања за пронаоѓање на јаглен на локациите Панчерево-Стар Итевник (Пехчевско), Стамер-Звегор (Делчево) и околијата на с. Лавци (Ресен). Во моментот има референтна листа од изработени над 2.000 процени од областа на недвижен имот.
Друштвото активно учествува со процена за потребите на деловните банки, штедилниците, агенциите за продажба на имот, во стечајни и извршни постапки, судски постапки, нотари при купопродажба на недвижен имот, јавни набавки итн.
Континуирано вложува во развој и до-едукација на своите вработени при што истите имаат Сертификати за завршена обука за заштита на лични податоци, посетуваат Обуки од Банкарските акадамии АБИТ, континуирани обуки од областите на процена итн. Нашите усуги првенствено ги нудиме во следните градови и општини : Охрид, Битола, Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Ресен, Струга, Дебар и Кичево.